Џио Струмица со одлична игра го доби дербито со Универзитет во Тетово

Џио Струмица го совлада Универзитет во Тетово во дербито на влезот во пролетниот дел од сезоната во најсилната машка одбојкарска конкуренција.

Во салата „Парк“, струмичани беа подобри од ривалот со 3:1 (24:26, 25:15, 25:19, 25:16), а со тоа го задржаа максималниот биланс по 11 натпревари сезонава. Најуспешниот состав во последната деценија во македонската одбојка го издржа притисокот откако противникот го освои првиот сет со 26:24, блокираше подобро, грешеше помалку, имаше доволно стабилен прием за да организира разновиден напад, па дури четворица играчи имаа двоцифрен број поени. Владо Милев заработи 16, Урдов 14, Николов 11, Михаилов 10, а одличен настап имаше и Наков со 9 поени.

Џио Струмица - Универзитет во Тетово 2021-2

Во наредното, трето коло од Втората фаза-1, елитна во овој период од сезоната, Џио Струмица четвртипат сезонава ќе игра дерби, овој пат против Вардар во Скопје, а Универзитет во Тетово ќе го пречека ГОК Борец и ќе сака да ја подобри лошата серија со три порази на последните четири средби.

Comments are closed.