КК Струмица со победа над КК Шкупи

Во одложениот натпревар од 6. коло во Втора кошаркарска лига – Исток, екипа на КК Струмица извојува значајна победа против екипата на КК Шкупи со 2 поени разлика, односно 69:67.

Првите 3 четвртини од натпреварот со ништо не наговестуваа дека ќе има неизвесна завршница, бидејќи струмичките кошаркари ги одиграа сигурно најдобрите 30 минути во тековната сезона што го кажува и резултатот на крајот на трета четвртина од 62:42.

АРХИВА

АРХИВА

Меѓутоа неискуството и скратениот ростер, поради повреда не настапија Ахтаров и Мелов, доведе до тоа да противникот се врати во игра, но сепак струмичани не дозволија целосен пресврт и на крајот се радуваа на значајната победа.

Најефикасни во редовите на Струмица беше Абрашев со 20 поени, Димитриев со 15 поени и Шајкаров со 14 поени, а огромниот придонес има и 16 годишниот Васил Томов и 15 годишниот Димитар Зетов кои максимално ги искористија своите минути и дадоа огромен допринос во оваа победа.

Comments are closed.