Одбојкарките на Струмица Жени со 3:0 во сетови беа далеку подобри од Македонија Макс и се пласираа во четвртфиналето од Купот.
Првиот сет беше најтесен и заврши со 25:23, во вториот сет Струмица Жени беше подобра и го доби со 25:17. Во последниот сет одбојкарките на Струмица Жени рутински го добија за 3:0 во сетови.
Во четвртфиналетео Струмица Жени ќе игра против екипата на Јанта Волеј Форца.
Термините за четвртфиналето се 10-ти и 17-ти овој месец, а доколку биде нерешено и со идентичен сет-количник, ќе одлучува таканаречен “златен сет” до 15 поени.