Одбојкарките на Наковски Волеј со убедливи 3:0 во сетови над УГД Студент Жени обезбеди четвртфиналето од Купот.
Струмичките одбојкарки одиграа одличен натпревар и убедливата победа ја најавија во првиот сет кој го добија со 25:11. Во вториот сет Наковски Волеј беше подобар со 25:20 од штипскиот противник, додека во третиот сет струмичанки го добија со 25:22.
Во четвртфиналето Наковски Волеј ќе се соочи со Јанта Волеј од Кисела Вода. Термините за четвртфиналето се 10-ти и 17-ти овој месец, а доколку биде нерешено и со идентичен сет-количник, ќе одлучува таканаречен “златен сет” до 15 поени.