Денес во големиот градски парк поставени се 29 нови канделабри со нови модерни ЛЕД осветлувачки тела кои покрај тоа што овозможуваат поубаво и поинтензивно осветлување значително заштедуваат електрична енергија.
Со поставувањето на овие 29 нови канделабри Општина Струмица го заокружуви проектот “смарт осветлување” во градскиот парк кој е дел од концептот “паметен град” чија суштина е ефикасно извршување на обврските на општината преку новите технологии.



