Беласица се засили со четири српски таленти

Струмичкиот прволигаш Беласица денес и официјално ги потпиша четирите српски таленти кои ќе треба да помагат во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Александар Вулиќ, Миленко Мијатовиќ, Страхиња Шево и Дамир Аврамовиќ се новите засилувања за пролетниот дел, кои во Струмица доаѓаат од српската екипа Инџија.

Беласица - српски засилувања четири

Србите ставија потпис на договор во времетраење од две ипол години. Беласица есенската полусезона заврши на последното место на табелата со само 9 освоени бодови, а во пролетниот дел ќе води тешка борба за опстанок во елитата.

Comments are closed.