Беласица одигра нерешено на контролниот натпревар со Слога во Виница
Екипите на Слога и Беласица одиграа реми со по еден гол (1:1) на Градскиот стадион во Виница во контролен натпревар од зимските подготовки.
Второлигашот Слога одигра одличен натпревар и прв дојде до водство со голот на Иван Митров во првиот дел од натпреварот. Во вториот дел струмичкиот прволигаш со гол на Зоран Ивановски дојде до реми од 1:1.
Беласица во сабота во Дојран има „генералка“ со штипска Брегалница пред стартот на пролетниот дел од ПМФЛ. За Слога следен тест ќе биде против Кожуф на Градскиот стадион во Гевгелија.
