Минимален пораз на Академија Пандев од Б-тимот на Спартак Москва

Академија Пандев ја загуби денешната контролка од Б-тимот на Спартак Москва со 1:0 во Анталија.

Изедначен натпревар со по неколку добри шанси и на двете екипи, сепак на крајот рускиот тим со гол од пенал го реши победникот.

Академија Пандев - Спартак Москва - Б тим, контролка во Анталија

„Пандевци“ утре ќе го одиграт последниот натпревар во Анталија, против екипата на Оболон од Украина, по што македонскиот прволигаш се враќа во Струмица.

Comments are closed.