Македонскиот прволигаш Беласица денес на „Дојранско Езеро“ во Дојран одигра реми без погодоци со Сремска Митровица од Србија.
Беласица претходно загуби од Тиквеш со 2:3, потоа со 3:0 беше подобра од Плачковица, а со третолигашот Њу Старс одигра реми без голови, додека на контролката со Кожуф беше подобра со 0:2. Следен тест за Беласица ќе биде против второлигашот Слога во Виница.
