ЖФК Тиверија со ДЕСЕТ гола го торпедираше ЖФК Топ Гол

Женскиот фудбалски клуб Тиверија денес во Струмица го одигра вториот контролен натпревар на којшто запиша убедлива победа од 10:0 над екипата на ЖФК Топ Гол од Битола.

ЖФК Тиверија - екипа 2021 -1

Димоска постигна хет-трик на натпреварот, двоен стрелец беше Николовска, а по еден гол постигнаа Панеска, Велкова Р, Недева, Галабовска и Панчурова од пенал.

Состав на ЖФК Тиверија: Панчурова, Недева, Бошеска, Ѓорѓиева, Николова, Ристовска (к), Велкова С, Панеска, Велкова Р, Николовска, Димоска.

Во игра влегоа: Јосифова, Бошевска, Цунева, Василева и Галабовска.

Comments are closed.