Фудбалерките на ЖФК Тиверија од Струмица утре ќе го одиграт вториот контролен натпревар против ЖФК Топ Гол од Битола, во рамки на подготовките за пролетната полусезона од Првата женска фудбалска лига.
Натпреварот ќе се игра на теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“ со почеток од 14:00 часот.
Претходно, ЖФК Тиверија одигра контролен натпревар со екипата на ЖФК Борец кој го доби со 1:3 на Градскиот стадион во Велес.