Академија Пандев загуби од балканскиот гигант Црвена Ѕвезда

Академија Пандев денес го одигра вториот контролен натпревар во Анталија со балканскиот гигант Црвена Ѕвезда кој го загуби со убедливи 5:0.

Академија Пандев - Црвена Звезда 9

Резултатот беше отворен во 40. минута кога Павков ја погоди мрежата на „пандевци“ за 1:0. Во вториот дел Николиќ постигна гол во 54. минута за 2:0, а Иваниќ во 71. минута за 3:0. Италијанецот Диего Фалчинели постигна два гола во 84. и 85. минута за конечните 5:0.

На првиот контролен натпревар „пандевци“ ремизираа со Арберија од Косово играјќи 1:1.

Comments are closed.