Поделени таблети за учениците во Никола Вапцаров

Денес во општинското основно училиште “Никола Вапцаров” се одржа а настан на кој беа поделени таблет уреди на деца од социјално ранлива категорија со цел да се обезбеди непречено следење на наставата.
Таблетите се обезбедени со донација на АД “Макпетрол” Скопје. Со реализација на оваа акција се подобрува прилагодувањето на учениците на дигиталниот начин на образование и се дава поддршка на локалната заедница во обезбедувањето на технички помагала за подобрување на изведувањето на наставата од далечина на учениците во основното образование.143607207_5178864312154340_8010824996397270310_o
Во текот на претходната и во оваа учебна година, на учениците од основното образование во општина Струмица, беа поделени поголем број на таблет уреди кои беа обезбедени преку донации од “Еколог” од Тетово и Детската фондација “Песталоци” од Швајцарија.143725878_5178864532154318_3787127399496660621_o

Comments are closed.