Академија Пандев ремизираше со Арберија во Анталија

Академија Пандев денес го одигра првиот контролен натпревар на подготовките во Анталија. Македонскиот прволигаш за противник го имаше Арберија од Косово, а натпреварот заврши без победник со резултат 1:1. Стрелец на погодокот за Академија Пандев беше Марјан Радески.

Академија Пандев - Арберија, пријателски натпревар во Анталија

Квалитетен и одличен натпревар за струмичкиот тим предводен од Васоски за да се увидат добрите и лошите страни на екипата кои ќе треба да се поправат во идинна. Следниот контролен натпревар „пандевци“ го играат на 28. јануари против Лвив од Украина.

Comments are closed.