Беласица ја среди Плачковица, новото засилување Гуџуфи со два гола!

Струмичка Беласица денес го одигра својот втор контролен натпревар на Општинското игралиште „Филип Лазаревски“ против второлигашот Плачковица од Радовиш. Избраниците на Ѓоре Јовановски беа далеку подобар противник од радовишани и запишаа победа од 3:0.

АРХИВА: Беласица - Тиквеш

АРХИВА: Беласица – Тиквеш

Првиот дел од натпреварот заврши со 0:0, додека во вториот дел паднаа дури три гола. Два погодоци постигна новото засилување од Вардар, Гуџуфи, а еден гол постигна Коцев.

Во првиот натпревар кој се одигра на истиот терен во Струмица, Беласица загуби со 2:3 од второлигашот Тиквеш од Кавадарци.

Comments are closed.