Беласица утре против Плачковица во втор контролен натпревар

Екипата на Беласица утре на Општинското игралиште „Филип Лазаревски“ ќе го одигра вториот контролен натпревар во зимските подготовките со второлигашот Плачковица од Радовиш.

Беласица - Тиквеш 1

Струмичките фудбалери вчера на истиот терен го одиграа првиот контролен натпревар со второлигашот Тиквеш од Кавадарци во кој загубија со резултат од 3:2.

Контролниот натпревар меѓу Беласица и Плачковица ќе се игра со почеток од 13:00 часот.

Comments are closed.