Беласица загуби од Тиквеш, новиот тренер Јовановски стартуваше со пораз!

Денес на Општинското игралиште во Струмица Беласица го одигра првиот контролен натпревар со второлигашот Тиквеш од Кавадарци. Новиот тренер на Беласица, Ѓоре Јовановски стартуваше со пораз, додека новиот тренер на Тиквеш, Пане Блажевски стартуваше со победа.

Беласица - Тиквеш 3

Избраниците на Блажевски со фантастично прво полувреме во кое постигнаа три гола, го добија натпреварот во Струмица. На тестот и двете екипи играа со комбинирани состави.

Второлигашот Тиквеш дојде до рано водство, откако Спасов си постигна автогол во 6. минута од натпреварот. Екипата од Кавадарци продолжи со одличната игра и за пет минути зголеми на 0:2 преку новото засилување Петар Љамчевски. Одличната игра на Тиквеш продолжи и веќе во 31. минута повторно преку Љамчевски имаше големо водство од 0:3 над струмичани.

Во вториот дел Беласица започна подобро и преку Коцев во 51. минута намали на 3:1. Притисокот на Беласица кон голот на Тиквеш продолжи и во 68. минута преку Радојчиќ намали на 2:3. До крајот на натпреварот мрежи мируваа на двете страница, а 2:3 беше конечниот резултат на средбата во Струмица.

Следен противник и за двете екипи ќе биде радовишка Плачковица.

Comments are closed.