9 фудбалерки од ЖФК Тиверија повикани во У-15 селекција

У-15 македонската фудбалска женска селекција моментално се наоѓа на зимски тренинг камп во хотел Истатов, Нов Дојран. Во периодот од 16 до 22 јануари, 43 девојчиња родени 2006-2009 уживаат носејќи го националниот грб. Еден од тренерите на стручниот штаб е и капитенка на ЖФК Тиверија Струмица и тренер на младинско – кадетската школа Александра Ристовска.

Од ЖФК Тиверија Струмица повикани се 9 фудбалерки меѓу кои:
1. Васева Мери 2006
2. Ѓорѓиева Слаѓана 2006
3. Јосифова Ива 2006
4. Јованова Јована 2006
5. Василева Васка 2007
6. Трендова Никица 2007
7. Велинова Анастасија 2007
8. Салтирова Ива 2007
9. Блажева Ангела 2008

Comments are closed.