Беласица ги договори пријателските натпревари

Екипата на Беласица веќе десеттина дена се подготвува за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Струмичкиот прволигаш веќе ги договори и пријателски натпревар на кои ќе ја темпира формата за пролетниот дел од домашното првенство.

Беласица - тренинг 2021 -3

Струмичките фудбалери ќе се тестираат со второлигашите Тиквеш од Кавадарци и Плачковица од Радовиш, потоа со Раднички од Сремска Митровица, Србија, Царско Село од Бугарија, второлигашите Слога од Виница и штипска Брегалница.

Македонската елита стартува на 14. февруари, а Беласица пролетната полусезона ја отвара против Ренова.

Comments are closed.