„Пандевци“ и Васоски стартуваа со победа, Борец загуби во Струмица

Академија Пандев со новиот тренер Александар Васоски денес го одигра првиот контролен натпревар за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Борец контролен натпревар 2021 јануари

Избраниците на „Тетовче“ остварија победа со резултат од 2:1 на првата контролка во зимскиот припремен период.

Резултато беше отворен уште во 47. секунда од натпреварот со голот на Радески. Во вториот дел Марио Кстовски зголеми на 2:0, а БОрец преку довчерашниот играч на „пандевци“ Александар Мишов кој го засили Борец, од пенал намали на 2:1.

Тренерот Васоски стартуваше со победа, а на денешниот натпревар им даде шанса на две различни постави во двете полувремиња. За понеделник се закажни и тестирањата на Ковид-19 за целата екипа пред заминувањето за Анталија во среда.

Comments are closed.