„Пандевци“ утре со прв контролен натпревар против Борец во Струмица

Академија Пандев утре го игра првиот контролен натпревар со новиот тренер Александар Васоски на СЦ „Пандев“ во Струмица со велешки Борец.

Контролката ќе биде прва и за двете екипи во фазата на подготовките за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - тренинг 2021 јануари

Натпреварот ќе стартува во 13:30 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.