Екипата на Тиверија со убедлива победа од 6:3 над Работник Џумајлија од Лозово го заокружи есенскиот дел од сезоната. Струмичкиот третолигаш ќе презими на деветото место на табелата со 10 бодови.
Фудбалерите на Тиверија во досегашниот текод сезоната запиша три победи, едно реми и седум порази, при што постигнаа 24 погодоци, а примија 35.
Тиверија пролетниот дел од сезоната ќе го стартува на домашен терен против екипата на Чешиново.