Бразилскиот ас Робсон да Силва по шест месеци поминати во струмичка Беласица се враќа назад во Македонија Ѓорче Петров. Враќањето помеѓу „лавовите“ Робсон го потврдил за спортскиот портал Спортска Мрежа.
Бразилец одигра 17 натпревари во дресот на Беласица каде постигна еден гол и запиша една асистенција. 25-годишниот играч има настапувано и за португалскиот клуб Сертаненсе и бразилски Гарантигета.
