Екипата на Тиверија конечно им се врати на победите, откако денес на домашен терен во Струмица со 6:3 беше далеку подобар противник од Работник Џумајлија, во последниот натпревар за есенскиот дел од Третата лига – Исток.
Тиверија го одигра можеби и најдобриот натпревар во тековната сезона и со три сезонски победи, едно реми и дури седум порази собра 10 бодови за да презими на деветата позиција на табелата. Работник од Лозово есенскиот дел од сезоната го финишира на претпоследното место со 4 бодови.
