Беласица во среда на домашен терен ќе се соочи со актеулниот шампион Вардар, во меч од 18. вонредно коло од Првата македонска фудбалска лига.
Бартон Јосип од Скопје ќе биде главен Судија, а ќе му помагаат Емурли Иса од с. Шемшово и Мустафи Фатон од Тетово. Четврт судија на мечот во Струмица ќе биде Ристовски Доне од Гевгелија. Делегат на натпреварот ќе биде Маневски Димче од Велес, додека за контролор е делегиран Илиоски Петре кој доаѓа од Прилеп.
Мечот се игра со почеток од 13:00 часот и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.