Одбојкарките на Струмица Жени со 0:3 во сетиво славеа над Универзитет во Тетово, во натпревар од 2. коло од Втората фаза – 1 од Првата женска одбојкарска лига.
Првиот сет струмичките одбојкарки го добија со 20:25, додека вториот со 21:25. Третиот сет заврши со сигурни 18:25 за гостите од Струмица.
Струмица Жени со 16 бодови се наоѓа на четвртото место на табелата, додека екипата на Универзитет во Тетово – Жени со 11 бодови е на последното место на табелата.
