Екипата на Беласица запиша нов пораз, откако денес на „Благој Истатов“ во Струмица со 1:3 беше поразена од Македонија Ѓорче Петров, во натпревар од 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Во првиот дел одлична игра и од двете екипи. Најпрви до водство дојдоа „лавовите“ преку Божиновски во 37. минута, а нивната радост траеше 4 минута, откако Коцев по 41. минута погоди за 1:1. Во вториот дел гостите одиграа одлично полувреме и постигнаа два гола, најпрво преку Адем во 53. минута, а потоа преку Петров во 73. минута за конечни 1:3.
Беласица останува на последното место на табелата со 9 бодови, додека Македонија ЃП е трета со 29 бодови. Во следното коло Беласица ќе има тешко гостување во Тетово кај лидерот Шкендија, додека Македонија ЃП на домашен терен го чека очајниот Пелистер.
