Кошаркарките на Ролинг 08 загубија од Феникс 2010 со резултат од 86:59, во натпревар од Втората кошаркарска лига – Исток. Струмичките кошаркари се’ уште немаат запишано победа во новата сезона и со шест пораз и 6 освоени бодови се наоѓаат на претпоследнто место на табелата.
Екипата на Феникс која без големи проблеми дојде до нова победа, со девет освоени бодови се наоѓа на високото трето место на табелата, и има негатива од 3 бодови во однос на лидерот Ангели.
Баскет Кам со 90:54 без многу мака го совлада МКК Куманово, Ангели со 90:54 запишаа убедлива победа над Про Баскет, Куманово 2 загуби со минимални 81:85 од Борец Баскет, додека мечот меѓу Струмица и Шкупи е одложен.
Лидер на табелата е Ангели со 12 бодови, бод помалку има Борец Баскет кој е втор на табелата.
