Беласица во недела на домашен терен ќе се соочи со „бледиот“ Работнички во меч од 13. коло од Првата лига. Доколку се погледне формата на екипите на последни пет натпревари, тогаш можеме да кажеме дека Беласица е фаворит на натпреварот, иако е на последното место на табелата. После тренерската смена, струмичкиот прволигаш на последните пет натпревари има скор од еден пораз, две ремија и две победи и вкупно 8 бодови, додека „романтичарите“ на последните 5 натпревари имаат три ремија и два порази и со 13 бодови е на осмото место на табелата.
Мечот се игра на „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток во 13:00 часот, истиот ќе биде одигран без публика поради пандемијата со Ковид-19.