Екипата на Академија Пандев го исфрли Шкупи со 2:1 и обезбеди полуфинале од Купот на Македонија. Први до водство дојдоа домаќините преку Димоски во 36. минута од натпреварот, со 1:0 се замина на одмор. Во вториот дел од натпреварот кој се играше на Спортскиот центар „Пандев“ во Струимца беа постигната два погодоци. Најпрво гостите од Чаир преку Дарбое постигаа гол за 1:1 во 63. минута од натпреварот. Кратко траеше радоста на фудбалерите на Чаир, откако Илиев во 69. минута постигна гол за 2:1. До крајот на натпреварот мрежи мируваа.
Покрај Академија Пандев, полуфинале обезбеди Струга Трим Лум, Силекс и Македонија Ѓ.П.