Астраион во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш претрпе тежок пораз од екипата на Радовиш со резултат 36:27, во рамки на 8. коло од Група А од Суперлигата. Првиот дел од натпреварот заврши 13:17 за Астраион, па Радовиш во вториот дел од натпреварот влезе силно мотивиран и успеа да направи комплетен пресврт на резултатот и да слави трета сезонска победа.
По поразот во Радовиш, Астраион е чекор назад во „битката“ за плеј-оф, додека радовишани фаќаат ритам, но, сепак и за нив ќе биде тешко обезбедување на „виза“ за плеј оф.
Во следното коло Астраион на домашен терен ќе има тешка задача против апсолутниот фаворит Тинекс Пролет, додека Радовиш ќе има „тежок испит“ против младиот состав на Голден Арт КЛ 7.