Хоризонт Турново ремизираше без голови на Градскиот стадион во Радовиш со екипата на Детонит, во натпревар од 7. коло од Третата лига – Исток. Неизвесен и одличен натпревар за двете екипи. Турново немаше среќа за реализација, Детонит без својот најдобар играч Асанов се мачеше за погодок.
Турново со 10 бодови е на седмото место на табелата, додека Детонит останува на второто место со 16 бодови, два помалку од лидерот Малеш.
Во следното коло Турново ќе гостува во Василево, каде ќе се судри со истоимената екипа, додека Детонит ќе гостува во Струмица каде ќе се соочи со Тиверија.