Екипата на Спартмани запиша убедлива победа во Градско Балдовци, откако со 5:0 го „распука“ фенерџијата Василево со 5:0, во меч од 7. коло од Третата лига – Исток. Во првиот дел од натпреварот Спартмани имаше предност од 1:0, додека во вториот дел, домаќините постигнаа четири гола за конечните 5:0.
Спартмани е на петото место на табелата со 13 бодови, додека Василево останува „закован“ на дното од табелата без освоени бодови.
Во следното коло Спартмани ќе има тешка задача на домашен терен со лидерот Малеш од Берово, додека Василево ќе биде домаќин на Хоризонт Турново.