ЖФК Тиверија Струмица покажа моќ и го торпедираше ЖФК Шкупи со 0:7 на гостински терен, во меч од 15. коло од Првата женска фудбалска лига. Струмичките фудбалерки повторно одиграа меч во кои имаат тотална доминација на теренот. Во првиот дел Тиверија имаа предност од 0:3, а во вториот дел струмичките фудбалерки се „распукаа“ и постигнаа четири погодоци, за конечни 0:7. Денешната победа е одличен вовед за следното коло и дерби-пресметката со ЖФК Скопје во Струмица.
Со убедливата победа Тиверија изби на второто место на табелата со 35 бодови, четири помалку од шампионот и лидер Каменица Саса.