Струмички КК Ролинг во недела ќе гостува во Кавадарци, каде ќе ги одмери силите со екипата на КК Про Баскет, во рамки на 3. коло од Втората кошаркарска лига – Исток. Кошаркарките на Ролинг на стартот од новата сезона запишаа два порази, и со два бодови се наоѓаат на седмото место на табелата, додека Про Баскет во 1. коло загуби од Шкупи, додека натпреварот од 2. коло против МКК Куманово не е одигран.
Прв судија на натпреварот ќе биде Јанков Р. втор Мелев С. додека за трет судија делегиран е Данев О. Делегат на натпреварот ќе биде Клинчаров Б. Мечот се игра во „Партизан“ во Куманово со почеток од 12:30 часот и истиот ќе биде одигран без публика, поради пандемијата со Ковид-19.