Кошаркарите на Струмица во недела ќе гостуваат во Куманово, каде ќе ги одмерат силите со втората екипа на Куманово во рамки на 3. коло од Втората кошаркарска лига – Исток. На стартот од новата сезона КК Струмица бележи два порази, додека Куманово 2 во првото коло славеше над струмички Ролинг 08, додека натперварот од 2. коло со Баскет Кам го нема одиграно бидејќи истиот е одложен.
Во однос на табелата, КК Струмица со два бодови е на шестото место на табелата, додека Куманово 2 исто така има два бодови, и е место погоре со натпревар помалку.
Прв судија на натпреварот ќе биде Антовски Б. втор судија Златевски А. додека трет судија Јакимовски Н. За делегат на натпреварот делегиран е Терзовски Д. Мечот се игра во „Перо Наков“ во Куманово со почеток од 13:00 часот и истиот ќе биде одигран без публика, поради пандемијата со Ковид-19.
