Кошаркарките на Ролинг 08 од Струмица претрпеа тежок пораз од Борец Баскет со резултат од 52:104. Гостите од Велес беа пресилни за младите кошаркарки на струмички Ролинг.
По две одиграни кола, Борец е на првото место на табелата со 4 бодови, додека Ролинг 08 со два бодови е на седмата позиција на табелата. Во следното коло Ролинг ќе гостува кај екипата на Про Баскет 2019, додека лиерот Борец Баскет ќе биде домаќин на Баскет Кам.