На денешното гостување во Радовиш, екипата на Спартмани го запиша вториот сезонски пораз, откако со 2:0 беше поразен од домаќинот Раклиш на Градскиот стадион во Радовиш, во натпревар од 6. коло од Третата лига – Исток. Неочекуван пораз за екипата од Градски Балдовци, а втора сезонска победа за екипата од Радовиш.
Спартмани по поразот од Радовиш е петти на табелата со 10 бодови, додека Раклиш со 7 бодови е осми на табелата. Во следното коло Спартмани во Градско Балдовци ќе го чека фенерџијата Василево, ддоека Раклиш ќе гостува во Берово кај Малеш.
