Хоризонт Турново го загуби дербито со Овче Поле на „Кукуш“ со 1:2, во рамки на 6. коло од Третата лига – Исток. Натпревар кој беше важен за двете екипи и неизвесен до самиот крај, но, сепак, гостите од Свети Николе заминуваат со цел плен.
„Турновци“ сега се седми на табелата со 9 освоени бодови, додека Овче Поле со ист број на бодови е место погоре на табелата. Во следното коло Турово ќе има повторно дерби овој пат во Радовиш против екипата на Детонит, додека Овче Поле дома ќе игра со Тиверија од Струмица.