ЖФК Тиверија со убедлива победа во дербито со ЖФК СЦ Истатов

ЖФК Тиверија Струмица запиша убедлива победа од 0:4 во дербито со ЖФК СЦ Истатов во Дојран, во натпревар од 13. коло од Првата женска фудбаска лига. Тиверија уште еднаш одигра одличен натпревар и во текот на истиот имаше доминација. Со 29 освоени бодови екипата на Тиверија е на четвртото место на табелата, додека СЦ Истатов со 15 бодови е на осмото место на табелата.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Борец со 2:0 ја победи Плачковица, Деспина од Прилеп со 4:0 славеше над Топ Гол, додека Шкендија со 3:0 го преслуша Љуботен. Колото ќе биде комплетирано утре.

Во следното, 14. коло, Тиверија на домашен терен ќе игра со Љуботен, доека СЦ Истатов ќе биде домаќин на Шкупи.

Comments are closed.