ЖФК Тиверија Струмица утре ќе гостува во Дојран, каде ќе се соочи со домаќинот СЦ Истатов, во натпревар од 13. коло од Првата женска фудбалска лига. Интересен и неизвесен дуел кој е важен и за двете екипи. Тиверија во досегашниот тек од сезоната запиша осум победи, две ремија и еден пораз и со вкупно 26 бодови се наоѓа на петтото место на табелата. СЦ Истатов бележи пет победи и шест порази и со 15 бодови се наоѓа на осмото место на табелата.
Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Дојранско езеро“ со почеток од 14:00 часот, без присуство на публика поради пандемијата соКовид-19.
