Струмички Наковски Волеј утре ќе биде домаќин на Вардар Жени во рамки на 5. коло од Првата женска одбојкарска лига. Натпреварот ќе биде големо дерби меѓу лидерот Вардар Жени и второпласираната екипа на Наковски Волеј.
Вардар има три од три и нема загубен сет, па со максимални 9 бодови е лидер на табелата, додека Наковски Волеј има две победи и еден пораз, и со вкупно 7 освоени бодови е на второто место на табелата.
Прв судија на натпеварот ќе биде Зафиров Ѓоре, додека втор судија Жабев Зоран. За делегат на натпреварот одреден е Џинес Симон. Натпреварот ќе се игра во ОЗУ „Димитар Влахов“ во Струмица, со почеток од 19:00 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.