Тиверија во недела на Општинското игралиште ќе одигра дерби натпревар со Брегалница од Делчево, во рамки на 6. коло од Третата лига – Исток. Струмичани ќе имаат тешка задача против амбициозната Брегалница која актакува на прво место и влез во Втората лига – Исток.
Во досегашниот тек од сезоната, Тиверија има забележано две победи и три порази, и со вкупно шест бодови се наоѓа на осмото место на табелата. Екипата од Делчево има три победи, реми и пораз и со вкупно 10 бодови ја дели четвртата позиција на табелата.
Натпреварот ќе се игра во 14:00 часот, и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, поради пандемијата со коронавирусот.