Екипата на Спартмани во недела ќе гостува во Радовиш, каде на Градскиот стадион ќе ги одмери силите со домаќинот Раклиш, во натпревар од 6. коло од Третата лига – Исток.
Спартмани игра одлична сезона, и на натпреварот ќе влезе како благ фаворит за нова победа. По 5. одиграни кола, Спартмани е петти на табелата со 10 освоени бодови, додека Раклиш има 4 бодови и се наоѓа на деветтото место на табелата.
Натпреварот ќе се игра со почеток во 13:00 часот, без присуство на публика, поради пандемијата со Ковид-19.