ОК Џио Струмица во сабота ќе биде домаќин на УГД Штип, во натпревар од 5. коло од Првата одбојкарска лига. Струмичани имаат пет од пет и се лидери на табелата со максимални 15 бодови и без загубен сет, додека штипјани со три победи и два порази имаат девет бодови и се наоѓаат на петтото место на табелата.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Парк“ во Струмица со почеток од 16:30 часот без присуство на публика. Натпреварот ќе може во живо да се следи на официјалната фејсбук страница на ОК Џио Струмица.
