ЖФК Тиверија Струмица запиша убедлива победа од 5:0 над ЖФК Шкендија од Тетово, во натпревар од 12. коло од Првата женска фудбалска лига. Струмичанки по убедливата победа над екипата од Тетово остануваат и понатмау на петтото место на табелата со 26 освоени бодови, додека Шкендија е осма со 15 освоени бодови. Тиверија има негатива од 5 бода во однос на лидерот АСС Унитед од Струга.
Во следното коло Тиверија ќе гостува во Нов Дојран, каде силите ќе ги одмери со СЦ Истатов, додека Шкендија во Тетово ќе одигра дерби со Љуботен.
Лидер на табелата е струшки АСС Унитед со 31 освоен бод, еден помалку шампионот Каменица Саса кој е втор, Деспина и Скопје го делат третото место со по 28 бодови, додека петта е Тиверија со 26. На дното од табелата е екипата на Кочани која се уште нема бодови, а место погоре е радовишка Плачковица која има три бодови.
