Во сабота ќе се одигра градското дерби меѓу Академија Паднев и Беласица, кое првично требаше да се одигра минатиот викенд. Поради усогласување на новиот протокол, минатиот викенд немаше фудбал во Македонија, и сите натпревари беа одложени за овој викенд.
На „Благој Истатов“ во Струмица ќе се судрат двата струмички прволигаши, кои имаат лош старт во новата сезона. Беласица со само два освоени бодови е на дното од табелата, додека „пандевци“ успеаа да соберат 7 бода, и во моментот тие се на 11-тото место на табелата. Дербито ќе биде важно и за двете екипи, особено за Академија Пандев која ќе важи за благ фаворит и со победа и нови три бода, екипата ќе направи скок од едно место на табелата, доколку Ренова загуби или одигра нерешено со Шкендија.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 13:30 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.