Македонскиот шампион Џио Струмица запиша убедлив пораз од 0:3 (20:25; 19:25; 18:25) од Омонија, во првиот натпревар од 1/16 финалето на Челинџ Купот на ЦЕВ. Струмичкиот клуб не успеа да се наметне на овој натпревар и да освои барем еден сет. Омонија е на чекор од пласман во осминафиналната фаза.
Реваншот ќе се одигра утре напладне, исто така во Кипар.
