Градското дерби меѓу Академија Пандев и Беласица кое требаше да се одигра овој викенд, ќе биде одложено за следниот викенд, поради Одлуката на Владата, сите спортски екипи пред секој натпревар да се тестираат. Како што веќе информиравме, ФФМ ги одложи сите натпревари од 11. коло од Првата лига и 10. коло од Втората лига – Исток и Запад.
Тоа значи дека Градското дерби меѓу Академија Пандев и Беласица би требало да се одигра 7 ноември (сабота).