Познат е судискиот пар кој ќе ја дели правдата меѓу Охрид и Астраион, во меч од 7. коло од Групата А од Суперлигата. Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварот во Охрид. Славчо Калановски од Струга ќе биде делегат на натпреварот.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 18:30 часот, без присуство на публика. Натпреварот ќе може да се следи во живо на youtube каналот на РФМ, како и на охридската регионална телевизија ТВМ. Преносот ќе започне 15 минути пред почетокот на натпреварот.
